Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години со пораз од Белгија со 95-56 го отворија Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Португалија.
Белгиските надежи уште од самиот старт ја покажаа разликата во класи откако првата четвртина ја добија со +14 (27-14). Во продолжението на мечот разликата само се зголемуваше за конечни 95-56. Најефикасен во нашиот табор беше Павле Михајлоски со 17 поени, додека кај Белгијците најдобар поединец беше Харис Братановиќ со 16 уфрлени поени.
Во второто коло кое е на програмата утре избраниците на Дарко Радуловиќ ќе се сретнат со домаќинот Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА