Екипата на Куманово го забележа третиот пораз во низа во Балканската лига, овој пат на свој терен загубија од бугарскиот состав Рилски спортист со резултат од 96-80. Кошаркарите на Ацо Петровиќ не издржаа повеќе од едно полувреме, Рилски и натаму не знае за пораз по четири кола во БИБЛ лигата.
Куманово се најде во незавидна ситуација на почетокот од натпреварот, откако негативата по првите 10 минути гласеше -14, но го најдоа својот ритам во продолжението од средбата, па со високи 29 поени во вториот период ја вратија неизвеноста на средбата. Резултатот на полувремето беше во корист на гостите од Бугарија, 47-43. Сепак, Рилски фуриозно стартуваше во второто полувреме, практично го обезбедија триумфот откако одново ја вратија двоцифрената предност по 30 минути игра, за Куманово да направи изненадување шансите беа минимални. Иако Куманово го освои последниот период, не беше доволно да се избегне новиот пораз во меѓународното натпреварување, со конечен исход од 96-80.
Кај кумановци најефикасен беше Рам со 21 поен, додека Караџоски додаде 20, односо Јанески 19 поени. Целата петорка на Рилски забележа двоцифрен број на поени, почнувајќи од Јетер со 24 поени, Георгиев додаде еден помалку, Тејлор 18, Рајт 14, и Божов 10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА