Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и неговиот Порто доживеаја вистински дебакл во пресметката против Веспрем во 11. коло од Групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите.
Порто на домашен терен загуби убедливо со 26-40 (11-21) во меч во кој Митревски заврши со осум одбрани од 22 шута кон неговиот гол на противниците.
Веспрем беше предводен од Египќанецот Фати Омар кој мечот го заврши со шест гола, а кај домашните најефикасен беше Давид Фернандез со пет постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА