Убедлив пораз на кошаркарите на Работнички во второто коло во АБА 2. Екипата на Горан Самарџиев загуби од Војводина во Нови Сад со 93-62, или пораз со 31 разлика. Ова е втор неуспех на Работнички, откако во првото коло загубија со 71-58 од Сутјеска.
Уште од самиот старт Работнички беше во негатива, па по првата четврина заврши со -8. Потоа на полувремето беше блиску до „егал“, односно загубија со 19-18, па на полувреме заминаа со минус девет.
Во вториот дел Работнички наместо да стигнува, настапи уште послабо. Војводина веќе се стекна со предност од 23 разлика, за целосниот дебакл на скопскиот тим да го потврди во четвртиот период.
Залудни беа 17 поени на Ефремовски, кој не можеше се сам. Кај Војводина Дингл беше најефикасен со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА