Женската ракометна репрезентација на Македонија убедливо загуби со 32-18 на гостувањето против Германија во првиот натпревар од втората фаза во квалификациите за пласман на Европското првенство кое што следната година ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција.
Избраничките на селекторот Грчевски немаа апсолутно никакви шанси против расположените Германки, кои од стартот тргнаа агресивно па го добија првото полувреме со 14-8.
Во вториот дел домашните беа уште поубедливи, постојано зголемувајќи ја предноста на крај за повеќе од убедлива победа од 34-18.
Во нашата група уште се и репрезентациите на Словенија и Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

