Дебакл на Шкупи во футсал Лигата на шампиони

Македонскиот футсал шампион Шкупи доживеа вистински дебакл од луксембуршкиот Диферданж во натпревар од 1. коло во групата 8 од главната рунда во Лигата на шампионите на турнирот кој се игра во Скопје.

Чаирчани по само осум минути игра имаа негатива од 5-0 по што веќе беше решен победникот. Во 9. минута Левески успеа да намали на 5-1, додека до крајот на првото полувреме гостите постигнаа уште два гола за 7-1 по 20 минути игра.

Во вториот дел Луксембуржаните само рутински го приведоа мечот за конечни 9-2. Во 2. коло Шкупи утре ќе игра против Лученец од Словачка кој денеска ремизираше 2-2 против чешкиот Чрудим.

 

Се вчитува...