Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје го забележа и вториот пораз во АБА 2 лигата откако вечерва доживеа дебакл против црногорската Сутјеска со 99-69.
Црногорците уште од самиот старт го наметнаа темпото, па по десет минути игра имаа предност од 18-13, ова беше единствен период од мечот во кој тимот од Тафталиџе колку толку парираше. Во втората четвртина предноста на Сутјеска само се зголемуваше, а на пауза изнесуваше 41-25.
Во второто полувреме црногорските кошаркари само ја зголемуваа предноста за на крајот да стигнат до конечните 99-69. Дупри Мекбрајер со 16 поени беше единствениот двоцифрен во таборот на македонскиот клуб, додека кај победникот најефикасен беше Копривица со 27 поени.
За потсетување ТФТ загуби и во првиот натпревар во овој „балон“ во македонското дерби од Пелистер со 75-65.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА