Дебакл на Циципас на Вимблдон, Зверев лесно до 3. коло

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е елиминиран на Вимблдон уште во 2. коло.

Циципас загуби од Финецот Емил Русувури кој славеше по 150 минути, со 7-6(6), 7-6(10), 3-6 и 6-3.

Ривал на 87. светски тенисер во следното коло сега ќе биде младиот Французин Џовани Перикар, кој го елиминираше Нишиока во три сета.

Лесен пласман во третата рунда натпревари обезбеди и Александар Зверев кој во три сета, со 6-2, 6-1 и 6-4 го победи Американецот Гирон.

Се вчитува...