Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаја вистински дебакл на гостувањето против Баерн Минхен во 28. коло од Евролигата.
Во еден од најважните натпревари за црвено-белите во битката за плеј-од, белграѓани доживеаја убедлив пораз од 82-57.
Црвена Звезда славеше против Баерн во првиот меѓусебен меч сезонава кон средината на декември, но во Минхен не знае за триумф од 2015 година. И сега белграѓани немаа никакви шанси од самиот почеток на дуелот на кој кај Баерн доминираше Агустин Руби со 22 поени и пет скока, додека кај Црвена Звезда во крајно бледото издание се издвои Никола Калиниќ со 12 поени.
Басконија исто така убедливо со 96-79 славеше против Жалгирис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА