Ракометарките на Куманово доживеаја убедлив пораз на првиот натпревар од 1/16 финалето во европскиот куп од украинската Галичанка Лвов со 33-17. Кумановки одиграа солидно прво полувреме во кое по 30 минути играа имаа негатива од само три гола 11-8.
Сепак, во второто полувреме следеше голем пад и домаќинките успеаја да направат голема предност и на крајот да стигнат до убедлив триумф од 33-17. Татјана Полјак со 8 гола беше прво име во победничкиот табор, додека Дијана Дмитришин постигна еден помалку. Кај ЖРК Куманово Александра Боризовска го заврши мечот со четири гола.
Реваншот меѓу овие два тима ќе се игра за два дена повторно во Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА