ЖРК Куманово го заврши настапот во ЕХФ купот откако вечерва и во вториот натпревар против израелски Макаби Аразим Рамат доживеа пораз. По вчерашниот минимален пораз од 25-26, избраницичките на Драгана Ристова овојпат загубија со убедливи 43-23.
Домаќинките уште од самиот старт почнаа многу поозбилно и посконцентрирано од вчера и веќе на полувреме имаа убедлива предност од осум голови (21-13).
Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечни 43-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА