„Дебел Лука е подобар од 99.9 отсто од бековите во НБА“

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс се уште е топ тема во светот на кошарката. За него сега говореше и Шекил O’Нил, легендарниот центар кој се осврна на наведената причина за размена на кошаркари – килажата на Словенецот.

Според популарниот Шек кој и самиот во минатото трпеше критики за килажата, тоа е само лош изговор за непромислен потег.

„Мене не ми личи дека е некој кој не е форма. Но, би сакам да знам што значи „не е во форма“, дали тоа значи дека е дебел? Да нема стомачни? Говориме ли за сила? Бидејќи еден од моите најдобри пријатели пред некој ден ми кажа, дебел Лука е подобар од 99.9 отсто од бековите во првенството. Значи Лука и формата?

Пет години игра во првиот тим на Ол-старот. Дебе лиот Лука, Лука кој не е во форма? Пет години Ол-стар играч. Ако тоа е приказната која ја кажуваат Маверикс, нека е. Јас го обвинувам раководството бидејќи има милион подобри начини да се реши случајот“, изјави Шек.

Се вчитува...