Резервниот голман на нисколигашот Сатон, Вејн Шо, направи шоу на мечот против Арсенал во ФА Купот на Англија, јадејќи сендвич на клупата за време на натпреварот. Популарниот „Дебелко“, кој има 45 години и околу 140 килограми, не можеше да издржи без храна во текот на мечот, а тоа го прави најчесто и на натпреварите на својот тим во ниските дивизии.
Но, сепак, има и еден друг момент. Обложувалницата „Сан Бетс“, која беше спонзор на Сатон за овој натпревар, во својата понуда имаше коефициент 8 дека токму голманот ќе изеде сендвич во текот на натпреварот. Добар маркетинг за обложувалницата, но и убав коефициент за самиот Вејн Шо.
Има ли поубава вечер? Играш натпревар со Арсенал, си јадеш сендвич на клупата и ќе си ќариш на обложувалница – коефициент 8.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА