Дебелкото од ДР Конго му посака добра ноќ на Шек – „Поздрав мој голем брату и мој мал брату“ (ФОТО)

Ракометарот на Демократска република Конго, Готје Мвумби го привлече вниманието на целиот свет со неговиот изглед, но и одличните игри. И покрај тоа што има преку 170 килограми Мвумби покажува одлични партии на Светското првенство во Египет, кои беа приметени и од легендарниот НБА кошаркар Шекил О’Нил. Тие двајца веќе се добри пријатели, а сега пикерот на африканската репрезентација одлучи на својот твитер профил да му посака добра ноќ на четирикратниот НБА шампион.

„Добра ноќ мој голем брату и мој мал брату“, напиша тој на Твитер. 

 

Се вчитува...