Дебелкото од ДР Конго на „мета“ на европските ракометни гиганти

Ракометарот на Демократска Република Конго Готје Мвумби го одбележа светскиот шампионат во Египет. Популарниот ракометен „Шек“ вели дека по мундијалот неговиот телефон постојано ѕвони и добива понуди од најсилните европски ракометни клубови.

Тој во моментов настапува во четврттата ракометна лига во Франција, но вели дека по шампионатот добива понуди и од клубови кои се натпреваруваат во елитната француска лига.

„Сето ова е ново за мене. Едноставно, се е бизнис. Не знам што да кажам во моментов, но наскоро ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата“, вели Мвумби. 

Мвумби светското првенство во Египет го заврши со 20 гола.

Се вчитува...