Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одигра реми 1-1 против поранешниот премиерлигаш Свонси како дел од подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига во која по долго време „црвено-црните“ влегуваат со големи амбиции.
Избраниците на Горазд Михајлов одлично го отворија натпреварот и поведоа со 1-0 со голот на новата аквизиција Џибрил Дианеси во 21. минута. Конечните 1-1 ги постави Гонсало Франко во 61. минута.
Вардар во понеделник на ждрепката во ФФМ ќе го дознае распоредот за новата сезона во ПМФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА