Деби гол на Митровски за Олимпија од слободен удар, но неговиот тим загуби (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски, на денешниот меч против Домжале, го постигна својот прв гол за Олимпија Љубљана. Повремениот македонски репрезентативец стрелаше во 22. минута од слободен удар, за предност на Олимпија која беше актуелна на полувремето.

Сепак, во вториот дел Домжале со два гола стигна до пресврт и до победата од овој меч. Митровски играше до 83. минута, кога беше заменет.

Митровски оваа сезона дојде во Олимпија од Вараждин, каде минатата сезона беше еден од најдобрите играчи, и ова лето направи трансфер во Словенија.

Се вчитува...