Деби гол на Муслиу во убедливата победа на Падерборн

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу го постигна деби голот во дресот на Падерборн откако стрелаше во убедливата победа на неговиот тим од 7-0 над Котбус во првата фаза од германскиот Куп.

Муслиу мрежата ја затресе во 11. минута на асистенција на Муслија постигнувајќи го вториот гол за својот тим на натпреварот.

Се вчитува...