Деби на ЕП за Македонците Митревски и Тодоровски: Шведска ја преслуша Холандија

Шведска ја забележа првата победа на Европското првенство совладувајќи ја Холандија со 36-31 во натпреварот значаен и за македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски кои за прв пат судеа на собирот на најдобрите репрезентации на „стариот континент“.

Шведска рано стигна до предност од два голови, а и покрај тоа што Холанѓаните успеваа да останат во игра во воведот на средбата, отпорот попушти пред крајот на првото полувреме по кое Швеѓаните стекнаа предност од 16-12.

Стекнатата предност фаворизираната репрезентација умешно ја одржа во вториот дел од средбата за триумфален старт на новата европска кампања.

Клар со осум голови беше лидер на Шведска, додека девет голови за Холандија постигна Тен Велде.

Се вчитува...