Деби на Лукаку, „петарда“ од Манчестер јунајтед за ЛА Галакси… (видео)

Манчестер јунајтед славеше убедливо со 5-2 против ЛА Галакси на првиот натпревар за време на подготовките во САД.

Избраниците на Жозе Мурињо максимално сериозно си ја разбраа задачата на мечот уште од 2. минута доаѓајќи до предност со голот на Рашфорд. Веќе во 20. минута беше 2-0, повторно со голот на младиот офанзивец на Јунајтед, а шест минути подоцна гостите го постигнаа и третиот гол, овој пат преку Фелаини.

На почетокот од вториот дел Мурињо направи 11 измени во тимот, шанса меѓу останатите давајќи му и на Ромел Лукаку кој дебитираше во дресот на Манчестер јунајтед.

До крајот на мечот имаше уште четири погодоци. Најпрво Мкхитарјан зголеми на 4-0 во 67. минута, а петтиот гол за англискиот тим го постигна Марсиал. Конечните 5-2, со два погодоци, ги постави поранешниот фудбалер на Барселона, Џовани Дос Сантош.

LA Galaxy vs Manchester United 2-5 Full Highlights by maksimdimow

Се вчитува...