Деби на судијата Златко Илиоски на меѓународна сцена

Натпреварите во eвропските фудбалски купови уште на стартот не можат да минат без претставници од Фудбалската федерација на Македонија. За првпат откако се најде на листата на меѓународни судии, Златко Илиоски од Прилеп, вечерва го ќе го има своето деби на меѓународна сцена.

Од страна на Судискиот одбор на УЕФА тој е одреден за главен судија на квалификацискиот меч во Конференциската лига меѓу Беркиркара од Малта и  Петрокуп од Молдавија. Ќе му помагаат Кристијан Џонов и Мартин Петковски, четврти судија ќе биде Бењамин Ќерими.

Судеше и Игор Стојчевски во Грузија на мечот меѓу Иберија од Тбилиси и Малме од Шведска (1-3) во квалификациите за Лига на европските шампиони. Му помагаа Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски, четврти судија беше Бафто Фатмир.

Нашиот контролор Димитар Мечкаровски во Љубљана го контролираше судењето на квалификацискиот натпревар за Лигата на европските шампиони меѓу Олимпија и Каират од Казахстан.

M.M.

Се вчитува...