Вардар загуби со 1-2 од украинскиот прволигаш Верес-Ривне на пријателскиот натпревар одигран за време на подготовките на тимот во Анталија.
Украинците поведоа уште во првото полувреме со голот на Степанјук во 45. минута од средбата, а на 0-2 зголеми Воровјак во 76. минута.
Единствениот гол за Вардар го постигна Џибрил Дианеси од пенал во 83. минута, откако прекршокот во противничкиот шеснаесетник беше направен врз најновото засилување на црвено-црните, репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато.
Веќе за два дена Вардар ќе одигра уште еден пријателски натпревар со екипата на Чаквар Аквитал од Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА