Бешикташ го декласираше Галатасарај со неверојатни 5-0 во Супер-купот на Турција, исход со кој „црно-белите“ од Истанбул јасно ставија до знаење дека по ланската разочарувачка сезона планираат во новиот шампионат да се вмешаат во трката за највисок пласман.
Нивното најголемо засилување, Чиро Имобиле имаше деби за паметење откако екскапитенот на Лацио уште во првата минута постигна гол и ја најави победата на Бешикташ. Фудбалерите на Галатасарај беа во шок, предалеку од својата препознатлива форма со која лани стигнаа до титулата, а Бешикташ знаеше како да го искористи тоа и ја наполни мрежата на големиот ривал.
Имобиле до крајот успеа да постигне уште еден гол (од пенал), а меѓу стрелците се запишаа и Свенсон, Рафа и Хекимоглу.
GOL | 🟡🔴 Galatasaray 0-1 Beşiktaş ⚫️⚪️
⚽️ 1′ Ciro Immobile#GSvBJK pic.twitter.com/Vb9GeUwrCt
— A Spor (@aspor) August 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА