Холандскиот интернационалец Донјел Мален имаше деби од соништата за тимот на Рома, откако стартуваше и постигна веднаш гол во 26. минута. Претходно во 23. минута му беше поништен поради офсајд.
Дибала ја имаше првата шанса во 22. минута, топката мина милиметри крај голот. Мален по одлична акција и со помош на десната статива во 26. минута успеа да донесе предност.
Во 72. минута Дибала на асистенција на Ренч, ја смести топката под пречката. Торино се обиде да се врати во финишот, откако имаше две шанси преку Адамс, но не успеа да погоди во мрежата на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

