Еден од најдобрите македонски ракометни стратези, Радослав Стојановиќ победнички ја стартуваше својата авантура на клупата на Тиквеш откако во 1. коло од плеј-офот во Суперлигата без поголеми проблеми славеше над Струга со 32-25.
Гостите од Струга подобро го отворија натпреварот и се до десетата минута беа во позитива против фаворитот. Сепак, како одминуваше првото полувреме домаќините успеваа да влезат во ритам и веќе на полувреме стигнаа до плус два 14-12. До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 32-25.
Обина Ани со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените залудни беа 10 гола на Мерис Бошњак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА