Деби со еврогол на Папу Гомез за Севилја, старт за во затвор на Даконам

Севилја ја забележа и четвртата победа во низа во Ла Лига триумфирајќи на домашен терен над Хетафе со 3-0, благодарение на трите погодоци постигнати во второто полувреме. Аргентинецот Папу Гомез имаше деби од соништата во дресот на Севилја, постигнувајќи еврогол од над дваесет метри за водство од 2-0, но овој меч остана во сенка на хорор-стартот на гостинскиот играч Даконам, кој брутално тргна на Окампос повредувајќи го скочниот зглоб на асот на Севилја, за што заслужено доби црвен картон.

Домашниот состав потоа знаеше како да ја искористи предноста од фудбалер повеќе, Мунир го отвори резултатот веднаш по влегувањето во игра, на 2-0 зголеми Папу Гомез со прекрасен погодок од далечина, а конечните 3-0 ги постави Ен Несири.

Се вчитува...