Деби со супер-асистенција за Спировски во дресот на Хапоел Тел Авив

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски имаше одлично деби во дресот на својот нов клуб, Хапоел Тел Авив.

Во 3. коло од шампионатот на Израел, Хапоел Тел Авив ремизираше (1-1) пред своите навивачи со Нес Циона. Спировски се најде од првата минута во составот на Хапоел, притоа одлично асистирајќи за погодокот на Пирсман во 43. минута од средбата.

 

Но, гостите успеаја да дојдат до бод благодарение на голот на Турај во 59. минута од натпреварот.

Стефан Спировски одигра 70 минути на натпревар кога беше заменет од Раз Коен.

Се вчитува...