Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во полуфиналето на Кралскиот куп, откако славеа против Бетис со убедливи 0-5 на гостински терен.
Во центарот на вниманието беше Адемола Лукман, бидејќи нигерискиот интернационалец го имаше своето деби за тимот од шпанската престолнина на оваа средба.
Зимското засилување од Бергамо ги оправда очекувањата, одговарајќи со гол и асистенција за третиот и четвртиот гол на Атлетико. Освен него, меѓу стрелците се запишаа и Давид Ханко, Џулијано Симеоне, Антоан Гризман и Тијаго Алмада.
Пред Атлетико Мадрид, место во полуфиналето во Купот на Шпанија обезбедија Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и Барселона.
Real Betis 0-3 Atlético Madrid – Ademola Lookman 37′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

