Дебитантот Госенс ја спаси Фиорентина, Верона славеше над Џенова (ВИДЕО)

Екипата на Монца беше на праг на победа од гостувањето кај Фиорентина, но дебитантот Робин Госенс успеа да донесе еден бод во судиското надополнување.

Ѓуриќ уште во 18. минута донесе шок за навивачите на Фиорентина на „Артемио Франки“. Даниел Малдини во 32. минута зголеми на 0-2, и го доближи гостинскиот тим до победата.

Мојс Кин во 45. минута намали, а во вториот дел нападнаа „виолетовите“ и на крајот се спасија со голот на дебитантот Робин Госенс длабоко во судиското продолжение. Госенс со глава погоди во мрежата на гостите и така донесе еден бод, и трето реми за Фиорентина оваа сезона.

Во вториот меч од 18:30 часот славеа гостите. Верона со головите на Чачоуа и на Тенгштед обезбеди триумф од 0-2 над Џенова.

 

Се вчитува...