Екипата на Маџари оствари исклучително добри резултати во досегашниот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија.
Но, сега пред составот на Миодраг Тодоровиќ е предизвикот и во националниот Куп во кој во оној прв круг од натпреварите, четвртфиналето, за противник ја имаат екипата на Кожув.
„Маџари против секој противник сака да победи. Го респектираме секого, така и екипата на Кожув која има одлични и странски и домашни играчи. Ние сме дебитанти на ова Куп-натпреварување, но нашата амбиција ја знаеме. Купот носи изненадувања, се надевам дека тоа ќе бидеме ние и ќе го дадеме максимумот“ – вели Тодоровиќ пред утрешната четвртфинална пресметка од Купот на Македонија кој ќе се игра во Куманово.
Ивица Димчевски ќе го претставува искуството на екипата која за прв пат е во една ваква ситуација, да биде дел од завршниот турнир во Купот.
„Купот е специфично натпреварување каде не секогаш победуваат фаворити. Првпат сме на завршницата, ќе се бориме на натпреварите да оставиме добар впечаток и да победиме“.
Но, екипата од Гевгелија минатата година на домашен терен стигна до финалето во националниот Куп. Па, амбициозни се и сега пред дуелот со Маџари.
„Поздрав до сите и до градот Куманово како организатор на Купот. Сакам да ја поканам цела спортска јавност да присуствува во што поголем број. Во однос на мечот со Маџари, се работи за млад тим кој може да игра со секого и може да го добие секого. Со еден максимален пристап и залагање, мислам дека на крајот ќе извојуваме победа“ – вели тренерот на Кожув, Љупчо Малинков.
Никола Бојчев ги повика сипматизерите на Кожув даа дојдат во поголем број во Куманово и да му дадат сериозна поддршка на тимот во обидот да се помине првата пречка на завршниот турнир.
„Против Маџари очекувам триумф, поздрав до „Фантоми“, нашите навивачи, кои ги очекувам на трибините во што поголем број“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

