Од денеска па натаму се очекува повеќе да нема проблеми околу новиот тревник на Националната Арена „Тодор Проески“. Конечно, тоа прашање е решено со поставување на модерна, хибридна трева каква што имаат голем дел од стадионите низ светот.
Алармантна беше ситуацијата со тренингот, по што следуваа реакции и од странски селекции и екипи кога гостуваа, како и од нашите фудбалери, па така, конечно, со помош на Фудбалската федерација, пред овој меч со Англија се постави нов тревник.
Новиот терен ќе може да го искусат вечерва македонските репрезентативци како и Англичаните. Арената целосно беше затворена во изминатите неколку месеци, а после овој натпревар се очекува да се играат и натпревари од Првата лига, односно своите домашни мечеви да ги играат Работнички и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА