Џером Синклер ќе остане запомнет како најмладиот дебитант во дресот на Ливерпул. Тој првиот настап за „црвените“ го забележа со само 16 години и шест дена во Лига куп мечот против Вест Хем, но некогашното чудо од дете никогаш не го исполни својот потенцијал.
Во 2016 година премина во редовите на Вотфрод, а по неколкуте клубови во Англија, настапуваше и во Холандија за во 2021 година да се најде на проба во соседството во дресот на ЦСКА Софија. Бугарскиот клуб воедно е и последниот за кој настапи во професионалната кариера која ја заврши на 26 години.
„Во хотелот дознав дека ќе бидам на клупата на резерви за мечот против Вест Хем, а многу од моите соиграчи на истиот меч собираа топки. Никогаш нема да заборавам кога Брендон Роџерс ми кажа да влезам во игра. Не чувствував страв воопшто“, се присети Синклер на првите минути во Ливерпул.
Разочаран од Бугарија, но и одвивањето на фудбалската кариера тој се одлучи да влезе и во нив бизнис инвестирајќи во ланец на продавници за печено пиле во родниот Бирмингхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

