Атлетико Мадрид е во резултатска криза, а тоа очигледно лошо влијае врз расположението на самите фудбалери, кои од бесот се ослободуваат на тотално погрешен начин. Шпанските медиуми јавуваат дека дефанзивецот Лукас Ернандез рано утрово бил уапсен во својот дом по пријава за домашно насилство кон неговата девојка.
Припадници на полицијата дошле во куќата на Ернандез во два часот наутро, откако девојката на фудбалерот се пожалила дека била претепана од членот на Атлетико. Таа имала и видливи модринки на лицето, по што полицијата реагирала и веднаш го привела фудбалерот, кој бил во алкохолизирана состојба, но не давал отпор при апсењето.
Во текот на денешниот ден би требало да биде утврден датумот на судењето на членот на „јорганџиите“, кој за ваквиот однос сигурно ќе биде казнет и од страна на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА