Македонскиот прволигаш Силекс ги почна подготовките за новата сезона, а раководството на клубот работи на ангажман на нови засилувања. Кратовскиот тим ќе биде значително изменет, а доведени се неколку нови имиња, за да се пополнат повеќе позиции.
Ангажиран е српскиот интернационалец Дејан Благојевиќ, кој игра на позицијата лев бек, а успешно може да одговори и како стопер. Во нападот е доведен Вељко Плазиниќ, како и Бразилецот Тони Жуниор кој игра на крилните позиции, а списокот го дополнуваат и Бобан Георгиев, Мартин Блажевски и браќата Димитар и Благојче Иванови.
Тренерот Жикица Тасевски во наредниот период ќе треба да ги вклопи овие нови засилувања и да оформи тим кој ќе има амбиции за излез на европската сцена.
Фото: aberdzija.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА