Арсенал доведе бројни засилувања летово, па очекувано дел од играчите кои не се во плановите на тренерот бараат нова средина до крајот на овој преоден рок.
Полскиот дефанзивец Јакуб Кивиор е еден од оние кои успеаја да најдат нов клуб откако Порто ги договори сите детали за ангажманот на овој фудбалер од таборот на „топчиите“. Португалскиот гигант се договори за позајмица, со клаузула за задолжителен откуп следното лето, за вкупна сума од 25 милиони евра.
Кивиор во текот на денешниот ден ќе допатува во Порто, каде по деталните лекарски прегледи и официјално ќе потпише договор со овој клуб.
Заминувањето на Полјакот ги зголемува шансите на Арсенал во трката по Хианчипе од Баер Леверкузен, дефанзивецот кој ги избра „топчиите“ иако имаше понуда и од Тотенхем, но проблем останува сумата од 70 милиони евра што ја бара екс-шампионот на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

