Дефанзивецот на Борнмут го бара пола Европа, но еден клуб има приоритет

Неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за дефанзивецот на Борнмаут, Дин Хујсен, пренесуваат британските медиуми. 20-годишниот шпански репрезентативец оваа сезона забележа 26 настапи во Премиер лигата.

Ливерпул, Челзи, Арсенал, Њукасл и Тотенхем веќе одржаа прелиминарни разговори со агентите на играчот. Сметките на заинтересираните тимови може да ги „помати“ и Реал Мадрид, кој сериозно се интересира за стоперот, кој гледа замена за Давид Алаба кој е далеку од форма и најверојатно ќе си замине, а со него, Рудигер, Милитао и Асенсио, Флорентино Перез сака да ја формира една од најдобрите стоперски четворки во светот.

Исто така за него има интерес и од Баерн Минхен. Самата желба на Хујсен е да остане во Премиерлигата, па тоа ја олеснува задачата на заинтересираните клубови од Англија, иако не е исклучена можноста на крајот да заврши на „Сантијаго Бернабе“.

Откупната клаузула изнесува 50 милиони фунти, а Борнмут најверојатно ќе го пушти на крајот на сезоната.

Се вчитува...