Матијс Де Лихт е несреќен во Баерн Минхен. Откако Томас Тухел дојде на кормилото на „Баварците“, холандскиот стопер падна во втор план и се почесто е на клупата.
Тоа не му се допадна на екс играчот на Ајакс и на Јувентус, па најави заминување од таборот на најтрофејниот германски клуб. Меѓутоа по објавата за заминување на Тухел на крајот од сезоната, се смени и одлуката околу иднината на Де Лихт.
Холанѓанецот најавил дека ќе го чека новиот тренер, за да ги слушне неговите планови околу неговиот статус.
Инаку е можно доколку Баерн испадне од Лигата на шампионите од Лацио, веднаш да бара заменик за Тухел, односно да му го скрати веднаш договорот, и да постави менаџер до крајот на сезоната. Ако тоа се случи, тогаш најсериозен кандидат е Оле Гунар Солскјер кој изразил желба до крајот на сезоната да биде на кормилото на тимот од Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА