Македонската ракометна репрезентација и дефинитивно ќе мора да настапи без Велко Маркоски на Европското првенство кое почнува утре. Тој ќе мора да паузира најмалку две седмици, откако денеска бил на дополнителни лекарски прегледи во Скопје.
Како што информираат од РФМ, денеска се направени последните испитувања на Велко Маркоски, направено е КТ на окото и ЕХО на окото. По добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира 2-3 недели.
Македонскиот ракометен тим првиот меч на ЕП го игра в петок против Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА