Кога утрово дојде веста од Шпанија дека Лука Модриќ заминува од Реал Мадрид, сите ја примија со резерва со оглед дека секој преоден рок во последните неколку години се појавува истата вест.
Меѓутоа сега и самиот хрватски фудбалер потврди. На крајот на сезоната си оди од Реал Мадрид. Модриќ дојде во кралскиот клуб во 2012 година, и ги освои сите можни титули со кралскиот клуб.
„Дојде и тој момент. Момент кој не сакав никогаш да дојде, но тоа е фудбалот, и се во животот има свој крај. Во сабота го играм мојот последен меч за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Дојдов во 2012 година со желба да го носам дресот на најдобриот клуб во светот и имав амбиции да освојувам трофеи, но не можев ниту да сонувам што ќе следува. Играјќи за Реал Мадрид, ми се смени целиотивот. Горд сум што бев дел од најодобриот тим во историјата. Сакам да се заблагодарам на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез, моите соиграчи, тренери, и сите луѓе кои ми помогнаа за време на моето играње тука“, напиша Модриќ на Инстаграм.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

