ЕКИПА во Малта,
Горан Бошев
Аријан Адеми поради повреда на листот на ногата нема да биде во комбинација за настап вечерва против Малта.
Нашиот репрезентативец почувствувал болка веднаш по загревањето на синоќешниот тренинг, па според информациите од националниот тим не успеал да го заврши до крај тренингот со останатите репрезентативци.
Се работи за истата повреда поради која Адеми беше спречен да даде придонес и на мечот против Италија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Претходно, како што е познато, од комбинација поради болки во грбот по повредата од мечот со Италија, од комбинација отпадна и првиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА