Натпреварот со Казахстан вечерва 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, Македонија ќе го одигра без Висар Муслиу. Стоперот вчера во очај го гледаше последниот тренинг на своите соиграчи од клупата, и сосема е јасно дека тој нема да биде на располагање на селекторот Благоја Милевски.
Муслиу се повреди на мечот со Белгија во самиот финиш. Според првите лекарски прогнози, стоперот на македонскиот национален тим ќе мора да паузира 2-3 недели. Тоа значи дека селекторот Благоја Милевски ќе мора да менува на стоперската позиција во македонскиот нациоанален тим за вечершаниот меч против Казахстанците.
Добра вест е што на терен се враќа Бојан Илиевски, кој паузираше во Гент поради жолти картони. Подготвен за настап е и Дарко Чурлинов, кој на последниот тренинг пред Белгија тренираше одвоено, но одигра едно полувреме на последниот натпревар за репрезентацијата, а вчера тренираше со полн интензитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

