Дефинитивно: Морнар ќе игра во АБА-лигата

Црногорскиот прволигаш Морнар дефинитивно ќе настапува во АБА1 лигата и во наредната сезона, без оглед а проблемите со кои овој клуб се соочи по апсењето на претседателот, кој воедно е и главен финансиер на Морнар.

Во кошаркарските кругови во регионот беше најавувано дека Црногорците би можеле да се откажат, по што најблиску до билет за АБА1 ќе беше македонскиот првак МЗТ Скопје. Сепак, „Спортклуб“ вечерва повикувајќи се на извори од Морнар објави дека е донесена одлука овој клуб повторно да биде дел од елитното кошаркарско друштво во регионот.

Истите извори најавуваат дека утре ќе биде официјално претставен и играчкиот кадар на тимот од Бар, во кој ќе се најдат девет кошаркари од регионот и четири Американци.

Се вчитува...