Хрватот Игор Тудор ќе биде нов тренер на Јувентус, и ќе го замени Тиаго Мота на клупата на „бјанконерите“ пишуваат италијанските медиуми. Хрватскиот тренер денеска треба да лета за Торино, и да го стави потписот на договорот.
Има две опции: првата е Тудор да го води клубот до крајот на сезоната, па потоа Јувентус да бара друг тренер, или да потпише долгорочен договор со некогашниот фудбалер на тимот од Торино.
Раководството на Јувентус не е задоволно од Тиаго Мота, особено после испаѓањето од Лигата на шампионите од ПСВ, а особено по поразите од Аталанта 0-4 и од Фиорентина 3-0. Иако се шпекулираше дека на Мота ќе му биде поставен ултиматум да го изнесе тимо во ЛШ идната сезона, сепак, тоа нема да се случи, и Мота денеска или најдоцна утре ќе биде сменет од функцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА