Официјално: Партизан се збогуваше со Ниликина, Французинот оди во црвено-белиот дрес

Францускиот плејмејкер Франк Ниликина, кој ја мина претходната сезона во Партизан, и дефинитивно е ново засилување на Олимпијакос.

И од Партизан и од Олимпијакос ја потврдија оваа информација, откако доцна синоќа постигнаа меѓусебен договор, а во текот на денов се очекува и официјалното претставување на Ниликина во новиот клуб.

Партизан му се заблагодари официјално на Французинот…

 

Минатата сезона, 193 сантиметри високиот Ниликина одигра 21 натпревар во Евролигата – со просек од 17 минути на паркетот и учинок од 6,1 поен.

Се вчитува...