Дефинитивно заминува – Роналдо нема да патува со тимот на подготовките?

Манчестер јунајтед се уште не знае дали нивната прва ѕвезда Кристијано Роналдо ќе отпатува со тимот на претсезонската турнеја во Тајланд и Австралија.

Како што пренесуваат британските медиуми, Португалецот не се појави на тренинг центарот во Карингтон, а Роналдо најверојатно нема да замине ниту на подготовки со клубот.

Тоа значи дека се поизвесно е дека 37-годишникот ќе го напушти „Олд трафорд“ откако веќе побара да биде продаден ако дојде добра понуда за него.

Роналдо минатата година се врати на „Олд трафорд“ и иако одигра квалитетна сезона не успеа да му помогне на клубот да направи било што повеќе.

Се вчитува...