Дефиниција за лојалност – Вардар се сака и кога губи (видео)

Ракометарите на Вардар не беа на посакуваното ниво против Барселона, но затоа навивачите беа за „чиста десетка“. Грмеше  во „Јане Сандански“ уште пред почетокот на натпреварот, им се даваа крилја на играчите во текот на 60-те минути игра, но и откако битката на теренот заврши, навивачите беа тука за да им стават до знаење на своите миленици дека се тука за нив, при победите, но и при поразите.

По последниот свиреж на сирената голем дел од публиката остана на своите места за да ги поздрави ракометарите кои сезонава им донесоа толку многу радости, свесни дека сезоната е долга и ќе има можност за многу подобри партии во наредните месеци.

 

Се вчитува...