Дегенек: Меси не е Бог, туку само обичен човек како сите нас

Фудбалската репрезентација на Австралија се пласираше во осминафиналето на Мундијалот каде за противник ќе ја има Аргентина предводена од Лионел Меси.

Репрезентативецот на Австралија Милош Дегенек не е ни најмалку исплашен од веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња. На Дегенек не му е ни грижа што Меси е миленик на судиите и најавува дека Австралија извлекла лекција од мечот со Франција во воведното коло.

„Тоа ќе биде натпревар 11 на 11. Нема Аргентина 11 Меси, туку само еден. За мене Лео е најдобриот фудбалер на сите времиња, но играњето против него не го гледам како чест, бидејќи тој е само човек, како и сите нас. Поголема чест е што сме во осминафиналето на Мундијалот. Јас сум голем фан на Меси, веројатно повеќе би сакал да го освои Светското првенство од него. Шегата на страна, научивме многу од првиот меч против Французите. Можеби покажавме преголема почит кон шампионот и затоа мислам дека за два дена ќе биде тотално поинаков натпревар“, изјави Дегенек.

Австралија и Аргентина својот осминафинален натпревар го играат в сабота од 20 часот.

Се вчитува...