Дехари обезбеди втора трка во слаломот на СП во Кортина Д’ампецо

Македонскиот алпски скијач Дардан Дехари е на 47. место по првата слаломска трка на Светското првенство во алспко скијање кое се одржува во италијанскиот ски-центар Кортина Д’ампецо.

Дехари патеката ја помина за време од 1:02.42 минута, што е за десет секунди послабо од водечкиот по првата трка, Австриецот, Адриан Пертл. Втората слаломска трка на Светското првенство во Италија е закажана за 13:30 часот.

Се вчитува...