Најискусниот во вардаровиот состав кој ќе ги брани црвено-црните бои низ пролетниот дел од шампионатот, Дејан Блажевски ја доби и капитенската лента на најтрофејниот македонски клуб.
Блажевски е свесен дека ги чекаат тешки денови, ќе мора да се оди од натпревар на натпревар, но сите кои останаа во клубот се повеќе од подготвени да го дадат максимумот за позитивни резултати и опстанок во лигата.
„Знаеме дека ќе биде тешко, свесни сме за комплетната ситуација во која се наоѓаме. Факт е дека ќе мора да размислуваме само од натпревар на натпревар. Не сме подготвени па ќе мора се во од да се решаваат многу непознаници. Но, ако нешто знаеме е тоа дека сите кои ќе бидеме на терен ќе го дадеме максимумот и како подарок за навивачите кои прават се за спас на клубот“ – вели Блажевски.
„Вардарци“ денеска продолжуваат со тренинзите пред неделниот прв пролетен натпревар против Пелистер во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

