Дејан Блажевски, досегашниот играч на Вардар објави крај на играчката кариера. После неколку сезони минати во Вардар и одиграни 155 натпревари, популарниот Шиле се реши да стави точка на играњето фудбал. Покрај Вардар, тој во Македонија играше и за Македонија ЃП, Работнички, Пелистер и Хоризонт Турново.
Има и интернационална кариера играјќи во грчките клубови Агротикос, Вериа, Пирекос, а беше дел и од Хазар Ланкаран. Малку мина и во таборот на Тирана.
ФК Вардар му се заблагодари на досегашниот придонес, и најави дека ќе му даде функција во неговиот матиечен клуб.
„За капитенот на нашиот тим Дејан Блажевски ова беше последна сезона во дресот на Вардар и популарниот “Шиле“ ја завршува својата активна играчка кариера.Тој го носеше црвено-црниот дрес во два наврати на вкупно 155 натпревари на кои што постигна 45 голови и освои три шампионски титули во дресот на нашиот клуб.Засекогаш ќе биде запамтен како дел од генерацијата која што го направи најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа.Шиле, во името на фудбалскиот клуб Вардар и на сите навивачи и симпатизери ти се заблагодаруваме за секој гол, за секоја асистенција и за секоја минута помината во светиот црвено-црн дрес.Вистински капитен, секогаш пример за помладите позади себе оставаш многу убави спомени за идните вардарови генерации.Се надеваме дека ќе уживаш во спортската пензија и воедно ти посакуваме многу успех во наредната функција која што ќе ја имаш во нашиот клуб“, соопштија од ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА